Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи, на кои смета за Светското првенство, кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Германија.
Голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски доби повик, додека неговиот колега од Подстам, Мартин Томовски е меѓу резервите. На спискот воопшто го нема Филип Талевски од Бенфика.
Македонија на Светското првенство, своите натпревари во Д-групата ќе ги игра во Вараждин, Хрватска.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 15.јануари од 20.30 часот против Унгарија, два дена подоцна од 18 часот Македонија ќе игра против Холандија, а на 19.јануари последен противник во групата на избраниците на Лазаров ќе им биде Гвинеја.
Списокот на Кирил Лазаров за СП во 2025: