Моменталниот пласман на шестото место, скорот од 9-1-4 и петте бода заостанување зад лидерот по 14 одиграни кола, значеа и крај на соработката на данскиот тренер Николеј Крицкау и бундеслигашот Флензбург.
Во продолжението на сезоната, тренер на тимот на ќе биде Љубомир Врањеш, а ќе му помага славното данско крило Андерс Егерт.
Љубомир Врањеш беше тренер на Флензбург од 2010 до 2017 и има еден шампионски пехар од ЛШ. Потоа стана селектор на Србија, Словенија и на Унгарија, во меѓувреме ги водеше Веспрем, Кристијанштат, РНЛ и Нимс пред да стане спортски директор во Флензбург.