По пауза од цели три децении Формула 1 наскоро би можела да се врати на африканскиот континент.
Се погласни се најавите дека Руанда ќе биде домаќин на најбрзиот караван во светот. Информацијата дека Руанда работи на доведување на Формула 1 го потврди и претседателот Пол Кагаме на свеченоста на ФИА.
-Задоволство ми е официјално да објавам дека Руанда вложува огромни напори да ја врати Формула 1 во Африка со организација на Гран при трката, изјавиа Кагаме.
Засега нема најави кога тоа би можело да се случи, но се пишува дека би било побрзо од Саудиска Арабија која планира да има спремна патека во 2028 и 2029 година.