Салах играч на месецот во Премиер лигата

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах е најдобар играч во Премиер лигата за месец ноември.

Салах беше вклучен во пет од седумте гола што Ливерпул ги постигна на три натпревари во Премиер лигата во ноември. Тој го постигна победничкиот гол во камбекот против Брајтон, беше вклучен и во двата гола во победата против Астон Вила, а постигна два гола во победата над Саутемптон.

Тој беше најдобар стрелец во лигата во ноември, а оваа сезона постигна 13 гола. Од почетокот на сезоната, Салах постигна 21 гол најмногу од сите играчи во Премиер лигата оваа сезона.

Египќанецот ја освои наградата за играч на месецот за прв пат од октомври 2023 година, тој шести пат во кариерата е избран за играч на месецот. На вечната листа се израмни со со легендата на Ливерпул, Стивен Џерард и со Кристијано Роналдо.

Само Хари Кејн и Серхио Агуеро по седум пати ја освоиле наградата за играч на месецот.

Од почетокот на сезоната, наградата за играч на месецот ја добија Ерлинг Халанд (август), Кол Палмер (септември) и Крис Вуд (октомври).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО