Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја објави листата на кандидати за признанието најдобар светски фудбалер.
На списокот се наоѓаат дури шест играчи на Реал Мадрид: Дани Карвахал, Џуд Белингем, Федерико Валверде, Тони Крос, Килијан Мбапе и Винизиус Жуниор.
Покрај нив, тука се уште Родри и Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Ламин Јамал (Барселона) и Лионел Меси (Интер Мајами).
37-year-old Lionel Messi is still being nominated for The Best FIFA Men’s Player in 2024.
We’re not worthy 🐐 pic.twitter.com/YSiuECVu1K
— ESPN FC (@ESPNFC) November 29, 2024
Во конкуренција за најдобар тренер се Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер сити) и Чаби Алонсо (Баер Леверкузен).
🚨🚨| OFFICIAL: The Best FIFA Men’s Coach nominees. pic.twitter.com/12cLuJI1sz
— CentreGoals. (@centregoals) November 29, 2024
Што се однесува до дамите, ќе бидат наградени најдобрата фудбалерка, тренер, голман, дефанзивец, среден бек и напаѓач. Истата ситуација ќе биде и во машка конкуренција.
🚨 Corventina nommée pour le “XI DE L’ANNÉE 2024” au prix #TheBest de la FIFA ! 🇭🇹🐐
Voici le lien pour voter pour la Grenadière 👉 https://t.co/CYWftfGRlS pic.twitter.com/oVVfCjKGaE
— Haiti-Tempo (@Haititempo) November 29, 2024
Заедно со наградата „Пушкаш“ за најдобар гол во машка конкуренција, во женска конкуренција, за првпат во историјата, ќе биде доделена и наградата „Марта“.