(ФОТО) ФИФА ја објави листата на кандидати за играч на годината: Меси се’ уште е во конкуренција!

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја објави листата на кандидати за признанието најдобар светски фудбалер.

На списокот се наоѓаат дури шест играчи на Реал Мадрид: Дани Карвахал, Џуд Белингем, Федерико Валверде, Тони Крос, Килијан Мбапе и Винизиус Жуниор.

Покрај нив, тука се уште Родри и Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Ламин Јамал ​​(Барселона) и Лионел Меси (Интер Мајами).


Во конкуренција за најдобар тренер се Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер сити) и Чаби Алонсо (Баер Леверкузен).


Што се однесува до дамите, ќе бидат наградени најдобрата фудбалерка, тренер, голман, дефанзивец, среден бек и напаѓач. Истата ситуација ќе биде и во машка конкуренција.


Заедно со наградата „Пушкаш“ за најдобар гол во машка конкуренција, во женска конкуренција, за првпат во историјата, ќе биде доделена и наградата „Марта“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО