Кошаркарите на Реал Мадрид беа речиси во загубена ситуација, но сепак по две продолженија ја совладаа Барселона на гости со 97:90 во 12. коло од Евролигата.
Барселона требаше да го реши натпреварот во своја корист во основните 40 минути. На влезот во последната минута домашните имаа четири поени предност, како и три пред последниот напад на Реал. Потоа Кампацо на секунда пред крајот погоди тројка за 74:74.
По првото продолжение немаше победник, а во второто доминираше Реал кој ја оствари шестата победа во Евролигата, покрај шест порази. Барселона сега има 7:5.
Прв стрелец на Реал беше Валтер Таварес со 24 поени, а имаше и 18 скока. Хрватот Марио Хезоња за 36 минути минати на паркетот постигна 23 поени, 7/8 за два поена, 2/7 тројк и 3/3 од линијата за слободни фрлања, плус седум скока, една асистенција и една загубена топка. Факундо Кампацо мечот го заврши со 18 поени, 10 асистенции и четири скока.
Кај Барселона, Кевин Пантер постигна 27, а Јан Весели 20 поени, со осум скока.
Во „жешка“ атмосфера во Белград, Партизан беше подобар од Олимпијакос, 78:70. Победникот беше решен во последниот дел, во кој белградскиот тим одигра одлично (28:13). Карлик Џонс постигна 15 поени и осум асистенции, а Фурние со 16 поени ги предводеше Грците.
Фенербахче води во поредокот со скор 9:2. Париз има 9:3, Баерн 8:3, Олимпијакос 8:4, Панатинаикос и Монакопо седум победи и четири порази итн..