За прв пат во историјата тренер ќе носи микрофон на мечот!

Олаф Јансен, тренерот на германскиот третолигаш Викторија Келн, ќе биде првиот во професионалниот фудбал кој ќе носи микрофон за време на официјален натпревар, објави Дојче Телеком. Јансен ќе биде озвучен на натпреварот против ВфЛ Оснабрик, на 8 декември.

„Јансен ќе биде првиот тренер во професионалниот фудбал што ќе биде „гласен“ и со вклучен микрофон. Натпреварот ќе го пренесува сервисот Магента спорт (Magenta Sport) во сопственост на Телеком, на 8 декември. Неговите тренерски наредби, дискусии и разговори ќе се слушнат со одложување“, соопшти Дојче Телеком.

Практиката според која тренерите или играчите се озвучени е вообичаена во популарните американски спортови како што се кошарката, американскиот фудбал или хокејот на мраз. Но, сега Јансен на тој начин ќе стане првиот „озвучен“ во професионалниот фудбал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО