Македонија ослабена против Литванија, Николов се врати во Турција

Македонската кошаркарска репрезентација в недела ќе се сретне против Литванија во Клаипеда, но на натпреварот нема да настапи Кристијан Николов, кој беше најефикасен кошаркар во првиот меѓусебен дуел на двете селекции.

Николов беше одличен против Литванија во Скопје и постигна 18 поени, но не отпатува заедно со неговите сонародници на реваншот во Литванија затоа што наводно не добил дозвола од неговиот тим.

Организатор на играта на Македонија в недела ќе биде Ненад Димитријевиќ кој ќе се приклучи на неговите колеги од националниот тим.

Македонија по три одиграни кола во квалификациите за Европското првенство 2025 има една победа и два порази.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО