(ВИДЕО) Потоп на Црвена ѕвезда на гости кај Интер, Арнаутовиќ не го прослави голот!

Фудбалерите на Црвена ѕвезда го претрпеа вториот пораз сезонава во Лигата на шампиони (ЛШ), на гости кај Интер на „Сан Сиро, 0:4. Тоа е втор пораз на српскиот претставник во ЛШ, по првиот во Белград, од Бенфика, која победи со 2:1.

Голијадата во Милано ја почна Хакан Чалханоглу со фантастичен гол од слободен удар во 11. минута. Италијанскиот тим дојде на чекор до победата во 59. минута кога Мехди Тареми му ја украде топката на Раде Круниќ и му асистираше на Марко Арнаутовиќ за 2:0.

Сите сомнежи околу прашањето на победникот беа решени во 71. минута кога Лаутаро Мартинез зголеми на 3:0, а до крајот на мечот меѓу стрелците се запиша и Тареми со гол од пенал во 81. минута.


Арнаутовиќ (35) е играчот со најмногу настапи (118) и втор стрелец (37) во историјата на Австрија. Тој е син на Србин и на Австријка, навивач на Црвена ѕвезда и српски патриот.

– Цел живот сум навивач на Звезда. Отсекогаш сум сакал да играм за Србија. Ја сакам Србија. Татко ми разговараше со некои луѓе кога Радомир Антиќ беше селектор. Не се договоривме и потоа играв за Австрија, откри тој

Арнаутовиќ летово беше поврзуван со Ѕвезда, но трансферот не се реализираше, тој остана во Интер каде што минатата сезона беше на заем од Болоња.

Тој го постигна вториот гол за Интер, прв сезонава, но не го прослави, за што доби симпатии кај навивачите на Ѕвезда и во српската јавност.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО