Убедливи победи на гигантите во ЛШ, единственото нерешено во Холандија

Барселона и Борусија Дортмунд вечерва ги остварија најуверливите победи во Лигата на шампионите, Барса против Јанг Бојс (5;0), додека Дортмунд победи со 7:1 против Селтик.

Левандовски (два гола), Рафиња и Мартинез постигнаа четири, додека еден гол беше дело на гостите кои си постигнаа автогол.

Во Дортмунд Емре Чан постигна еден гол, Адејеми постигна хет трик, Гираси постигна два и Енмеха постигна гол за уверлива победа.

Од останатите натпревари, Арсенал успеа да го добие ПСЖ на домашен терен со головите на Каи Хаверц и Бакајо Сака, додека Баер Леверкузен благодарение на единствениот гол, кој го постигна Бонифејс, го победија Милан.

Уверливи победи остварија уште и Интер против Црвена Звезда (4:0) и Манчестер Сити нагости во Словачка кај Братислава со ист резултат.

ПСВ и Спортинг единствени вечерва одиграа нерешено на натпреварите од 21 00 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО