Интер Милано води по првиот дел од вечерашната средба во Лигата на шампионите против Црвена Звезда од Белград.
Домаќинот имаше повеќе шанси да постигне гол, но тоа единствено му појде од нога само на Хакан Чалханоглу во 11. минута, кога со топовски проектил го совлада голманот на соседите од Белград.
Слободниот удар кој беше добиен за домашната екипа, Чалханоглу го круниса во убиствен погодок против кој гостинскиот голман едноставно немаше шанса да го одбрани.
GOAL: WHAT A FREE-KICK FROM HAKAN ÇALHANOĞLU!!!
Inter 1-0 Red Star Belgrade
pic.twitter.com/StfYRm0WtA— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) October 1, 2024