Лудница во Дортмунд: Борусија води 5:1, Адејеми постигна хет-трик, еден е бравурозен погодок!

Борусија Дортмунд по првиот дел буквално го распарчи составот на Селтик, против кои водат со 4:1.

Серијата голови ја најави Емре Чан од пенал во 7. минута, само минута подоцна гостите доаѓаат до 1:1 преку Маеда. Веднаш потоа, за само две минути, Дортмунд повторно го враќа водството, овој пат преку Адејеми.

До крајот на полувремето доминацијата на домаќините беше крајно изразена, а резултираше со уште три гола, прво погди Адејеми (повторно) и Гираси од пенал во 41. минута за водство од 4:1.

Адејеми имаше фантастични 45 минути и со уште еден гол комплетираше хет трик (5:1), за неполн половина час.

Меѓу останатото, на трибините на „Вест Вален“, силно оддекна транспарент од домашните навивачи, на кои пишуваше „УЕФА МАФИЈА“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО