(ВИДЕО) Крај на извонредната кариера. Иниеста најави дека ќе се пензионира!?

Шпанецот Андрес Иниеста, еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња, на социјалните мрежи објави видео кое „Марка“ го толкува како најава за крај на големата кариера.

„На 8 октомври Иниеста ќе ги собере новинарите на настан на кој, според сите извештаи, ќе му каже на светот дека на 40 години го напушта фудбалот“, пишува „Марка“.


Тоа ќе го направи следниот вторник во Барселона, градот во кој ги доживеа најубавите фудбалски моменти, на денот од месецот што одговара на бројот на дресот што го носеше во извонредната кариера што тешко може да се повтори.

Иниеста моментално е играч на „Емирати“ на кој му се приклучи минатата година, а сега изгледа дека засекогаш го напушта фудбалот.

Минатата година во јули по пет години, тој го напушти јапонскиот Висел Кобе. Иако и со него освојуваше трофеи, јасно е дека ќе остане запаметен како икона на Барселона и легенда на шпанската репрезентација.

Со Барселона тој освои девет шампионски титули на Шпанија, четири титули во Лигата на шампиони (ЛШ), вкупно 29 трофеи. Со репрезентацијата на Шпанија беше светски првак 2010 година во Јужна Африка и двапати европски првак, во 2008 и во 2012 година.

Кариерата на Иниеста:

Шпанија: 131 натпревар, 14 гола, 30 асистенции
Барселона: 674 натпревари, 57 голови, 135 асистенции
Висел Коби: 134 натпревари, 26 гола, 25 асистенции,
Емирати: 23 натпревари, 5 гола, 1 асистенција

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО