(ВИДЕО) УЕФА му се восхитува на шведско-унгарскиот феномен и гол-машина: „Ова е сериозен играч“

Шведскиот напаѓач, Виктор Ѓекерес (26) е еден од најголемите хитови сезнава во европскиот фудбал. Напаѓачот на португалскиот шампион, Спортинг се наоѓа во феноменална форма, има дадено 11 гола, плус три асистенции на деветте настапи.

Ѓекерес, Швеѓанецот со унгарско потекло, на 67 меча има постигнато 54 гола и има 18 асистенции во дресот на лисабонскиот клуб, во кој пристигна во јули минатата година, од Ковентри во Англија, за 24 милиони евра.

Во моментов, според Трансфермаркт, тој вреди 65 милиони евра, а неговата излезна клаузула е 100 милиони евра.

УЕФА му посвети должно внимание и го издвои неговиот гол и потезите од мечот од првото коло во Лигата на шампионите (ЛШ), кога Спортинг во Лисабон го победи Лил со 2:0.

Ѓекерес погоди во 38. минута за водство и беше еден од најдобрите играчи на теренот. „Виктор Ѓекерес е сериозен играч“, напиша УЕФА во пресрет на денешниот натпревар меѓу ПСВ и Спортинг во Ајндховен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО