Следува рекорден трансфер во светскиот фудбал: Мо Салах ќе биде најплатен фудбалер?

Поранешниот фудбалер на Астон Вила, Габриел Агбонлахор, открива дека ја знае следната дестинација на Мохамед Салах од Ливерпул.

Салах последните 12 месеци тесно се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија, но тоа не се случи, но вратата или опцијата за такво нешто се уште е отворена.

Договорите на Салах, Ван Дајк и Александер Арнолд истекуваат на крајот од актуелната сезона и како што стојат работите, сите тројца најверојатно следното лето ќе го напуштат Енфилд Роуд.

– Знам дека Салах сигурно заминува на крајот од сезоната, мојот извор ми го открива тоа, оди во Саудиска Арабија, ќе биде тоа рекорден трансфер, ќе заработува повеќе од Кристијано Роналдо и ќе стане главно лице кога е во прашање фудбалот во таа земја.

– Тоа не се одбива, посебно ако сте освоиле се претходно во Ливерпул. До сега ќе потпишеше нов договор доколку сакаше да остане, оваа понуда тој нема да ја одбие, порача Агбонлахор, кој сепак не открива, или не знае за кој клуб од Саудиска Арабија точно станува збор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО