Јенс Леман заврши во притвор – за се е виновен Октоберфестот!

Легендарниот германски голман Јенс Леман, ја минал ноќчта во притвор, поради возење на автомобил во алкохолизирана состојба.

По враќањето од Октоберфест, кој почна пред неколку дена и каде очигледно добро се забавувал, ветеранот седнал во автомобилот и само неколку минути бил приведен од локалната полиција, па го однеле на „ладење“.

Леман некогаш со Арсенал успеа да стигне до финале во Лигата на шампионите, а бранеше уште и за Милан, Дортмунд и Шалке.

Нема информации со колку промили алкохол тој управувал со својот автомобил, но е потврдено дека возилото му е одземено од полицијата и дека заминал на трезнење во локалната полиција до следниот ден.

Исто така, во ист момент обвинителството изготвило барање за одземање на возачката дозвола.

– Господинот Леман беше запрен од полициските службеници на 23 септември рано наутро, каде беше утврдено дека е во алкохолизирана состојба во регионот околу Минхен. Беше побарана и анализа на крвта, по што беше утврдено дека тој е навистина пијан, по што му е одземена возачката дозвола, стои во соопштението на тамошната полиција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО