Касано со причина зошто не му се допаѓа Влаховиќ во Јувентус

Пензионираниот италијански фудбалер Антонио Касано, го критикуваше Јувентус, а посебно Душан Влаховиќ.

Некогашниот репрезентативец на Италија, кој низ кариерата настапуваше за Рома, Милан, Интер, Реал Мадрид, тврди дека малку работи се промениле во Јувентус од кога Масимилијано Алегри беше заменет од Тијаго Мота.

– Зборував против Алегри, дека тој е ѓубре од тренер, истото го мислам и сега, но по неколку кола сезонава, морам да прокоментирам и за Мота. Досега не успеа ништо да постигне, во првите натпревари, екипата изгледаше безидејно, беше ориентирана исклучиво на контранапади. Реков дека Јувентус нема да биде меѓу четирите најдобро, но сега ситуацијата е уште полоша.

– Го почитувам Тијаго Мота, но тој не вреди во ова првенство, не ме увери до сега во спротивното. Дали неговите ротации се добри или лоши? Не ми се допаѓа Влаховиќ сезонава, тој е хистеричен и нема персоналност во себе да прави се што ќе посака. Секогаш се жали на нешто, порача Касано.

Јувентус го донесе Влаховиќ од Фиорентина за 83 милиони евра, а досега има 107 натпревари за Јуве, со постигнати 43 голови и 10 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО