Рускиот фудбал добива милиони од УЕФА и ФИФА

⁸Европската и светската фудбалска федерација уплатиле пари на сметката на Руската фудбалска федерација, на име на членството во овие органнизации.

Ова се парите што секоја година ги добива секоја друга Федерација во Европа и светот.

Русија и нејзините клубови, како и репрезентацијата се исклучени од сите натпреварувања под покровителство на УЕФА и ФИФА од 2022 година, но и покрај суспензијата Руската фудбалска федерација имала редовен прилив на пари.

Тамошните медиуми пишуваат дека во 2023 година Руската Федерација добила 405.813.000 рубли од ФИФА и УЕФА.

Тоа се приближно четири милиони евра.

Руските клубови веќе две години играат само домашни првенства, а репрезентацијата игра само пријателски натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО