Габија го реши „Дерби дела Мадонина“

Милан како гостин го победи Интер со 2:1 во дерби мечот одигран во петотот коло во Серија А. Милан ја прекина црната низа против градскиот ривал, Интер ги доби претходните шест натпревари (три во првенството, два во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот).

Милан и тренерот Паоло Фонсека, поради лошиот старт во сезоната беа под голем притисок пред дербито и одговорија на предизвикот. Го победија градскиот ривал во „Дерби дела Мадонина“.

Милан генерално беше подобриот тим на теренот, имаш повеќе шанси и на крајот заслужено победи.

Триумфот на црвено-црните го најави Кристијан Пулишиќ во десеттата минута. Американецот мина неколку играчи и успеа да го совлада Јан Сомер. На голот му претходеше грепата на Мхитаријан, кој загуби топка на 35 метри од својот гол.

По голот на Милано, тој успеа да ја умртви играта, малку да го забави ритамот на мечот, Интер го имаше поседот но не создаде сериозни шанси. Единствено што вреди да се спомене е обидот на Лаутаро.

Милан ја менуваше формацијата како одминуваше првото полувреме, но не можеше да го спречи израмнувањето кое следеше во 28. минута. Ди Марко со прецизен удар го совлада Мењан.

Гостите подобро влегоа и во вториот дел по неполни пет минути фудбал имаа шанса преку Рафаел Леао да стигнат до нова предност, но се истакна Сомер, додека Шајцарецот можеше скапо да го чини својот тим, бидејќи откако ја изби топката го закачи Ејбрахам. Се активираше ВАР кој ја поддржа одлуката на маријани да не досуди пенал.

Потоа Милан пропушти две големи шанси преку Леао и Ејрахам.

Милан можеше да има пенал, Маријани покажа на белата точка за според него, играње со рака на играч на Интер, но откако ВАР ја поништи неговата одлука.

И кога се очекуваше дербито да заврши без победник на сцена стапи дефанзивецот Габија кој погоди во 89. минута и со тоа на својот тим му ја донесе победата.

По пет кола лидер на табелата е Торино со 11 поени еден помалку има Наполи, додека со по осум бода Милан и Интер се на шестото и седмото место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО