Халанд е машина за голови: Го изедначи нестварниот рекорд на КР7

Ерлинг Халанд е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а колку всушност е ефикасен, за него зборуваат бројките и статистиката.

Имено, Халанд на денешниот натпревар против Арсенал, го постигна својот 100 погодок во дресот на Манчестер Сити. Она што е неверојатно е фактот дека му недостасуваа неполни три сезони во сите конкуренции за да дојде до бројката од 100 голови на 105 натпревари.

Со тоа Халанд стана 19 фудбалер во историјата на Манчестер Сити, кој дојде до троцифрена бројка на голови.

Норвежанецот во својата трета сезона за „граѓаните“ успеа да постигне гол против сите клубови во Премиерлигата и со ваква ефикасно е прашање на време кога само ќе ја подигне „Златната топка“.

Ваквите бројки на Халанд, се идентично како и на Кристијано Роналдо, што јасно укажува за каков играч станува збор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО