Реал ги отвара картите: Флорентино Перез има посебен џокер за убедување на Арнолд за трансфер

Веќе извесен период се зборува за можен трансфер на Александер Арнолд од Ливерпул во Реал Мадрид, но се уште нема ништо конкретно околу тоа.

Договорот на Арнолд со Ливерпул завршува следната година во јуни, а јасно е доколку не го продолжи, дека на ред чека за овој играч моќниот Реал Мадрид.

Самиот фудбалер тврди дека е насочен и фокусиран на натпреварите со Ливерпул и дека тоа во моментот му е единствена преокупација, но никогаш во фудбалот ништо не се знае до последниот момент.

– Сезонава сум играч на Ливерпул, тоа е завршена приказна. Јас сум во клубот скоро 20 години, потпишав 4 или 5 продолжувања на соработката. Секогаш зборувам дека сакам да бидам капитен на клубот, тоа е една од моите цели во кариерата. Но најважната работа ми се трофеите, сакам да освојувам трофеи, јас сум играч со мотивација и сакам да бидам дел од елитата. Тоа е главниот фактор за мојот напредок во кариерата, порача Александар Арнолд.

Од друга страна, според пишувањата на медиумите во Мадрид, Флорентино Перез сака да го искористи Џуд Белингам, односно неговата блискост со играчот на Ливерпул и да го убеди до јуни дека треба да им се приклучи, па можеби токму Реал го има најважниот или главниот џокер во оваа цела ситуација.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО