Во солзи го напушти теренот: Се повреди Тер Штеген (Фото)

Андре Тер Штеген се повреди на синоќешниот натпревар против Вилјареал во шпанското првенство.

Германецот се повреди пред крајот на првото полувреме, кога скокна да фати една висока топка и падна незгодно на тревникот. Фудбалерите на двете екипи веднаш повикаа лекарски тим да го прегледа, па откако беше утврдено дека станува збор за голема повреда, тимот на Барселона интервенираше и се случи замена, а тој беше изнесен од терен.

Тер Штеген на носилки беше изнесен од терен и однесен во болница на испитувања, а на теренот го замени Ињаки Пенја.

Дека е повреда тоа е сигурно, но сега останува само да се види колку ќе биде тој отсутен од натпреварите на Барселона и дали всушност ќе може да брани за следните мечеви во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО