Артета откри дека со посебен метод се подготвувале за дербито: Мораше на ваков начин!

Ова коло се игра големото дерби во Премиерлигата, во Манчестер гостува тимот на Арсенал.

Двете екипи силно ја посакуваат победата, Арсенал за да се вклучи кон врвот, а Сити за да остане самоуверен лидер на врвот пред конкуренцијата.

Ова секако ќе биде предизвик за двете екипи, бидејки овој натпревар може да им даде сериозен ветер во грб и на двете екипи, а Сити ќе има мала предност во вид на домашниот терен.

Пред натпреварот на „Етихад“, тренерот на гостите истакна дека за овој натпревар се подготвувале уште од периодот во кој имаа предсезона.

– Знаевме за овој меч дека е во раната фаза од сезоната, затоа за истиот се подготвувавме со месеци, уште во предсезоната. Имавме три важни натпревари во рок од една недела и сега мора да се подготвиме за дерби. Се подготвувавме во три правци, физички, ментално, но секако и тактички, знаеме против кого играме, се надеваме на победа, порача Микел Артета.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО