Тренингот во Сингапур мораше да биде прекинат – се појави „непосакуван гостин“ на патеката (Видео)

Необична ситуација е видена за време на тренинзите во Сингапур, каде овој викенд се оддржува ГН на оваа земја.

На патеката при тренинзите имаше „непосакуван гост“ кој продефилира низ брзите шикани, па поради опасноста кон болидите, мораа да се вклучат и редарите.

На патеката се појави гуштер, кој беше прилично долг и кој предизвика реакција на околните стјуарди, па тренингот на кратко мораше да биде прекинат.

Љубителите на овој спорт на овој начин гратис добија дополнително необична трка, која ги насмеа сите кои гледаа во живо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО