Неочекуваното барање до Халанд беше искоментирано со пцовка! (Видео)

По завршувањето на мечот на „Етихад“ синоќа, кој заврши без победник (0;0), се случи една симпатична ситуација меѓу играчите на Сити и Интер.

Имено, по завршувањето на мечот, фудбалерот на Интер, Ачерби, му пријде на Ерлинг Халанд и го праша за дресот, а овој првично не го разбра што сакаше да му каже па објаснуваше нешто друго.

Но Ачерби секунди потоа се обиде да му каже дека му се потребни два дреса од него (Халанд), веројатно за некои подароци на пријатели, Норвежанецот со комична реакција искоментира со зборовите „Ма дај од**би“.

Камерите го уловија тој момент и веднаш беше разбирливо од усните на Халанд што му порача на колегата од Интер.

Е сега, само не е познато дали навистина по мечот Ачерби успеа да добие два дреса од Халанд, бидејки овој не сакаше да го замени дресот на терен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО