Манчестер Сити и Интер одиграа вечерва без голови на Етихад.
Малкумина веруваа дека натпреварот ќе заврши со цврсти мрежи, бидејки скоро сите очекуваа голови од оваа средба.
– Одигравме одлично, си го сакам мојот тим, одигравме против екипа која добро се бранеше. Среќен сум со перформансите на својот тим, немам замерка. Интер се одлични во одбрана, се бранеа со цела екипа. Не може да очекувате премногу шанси кога една екипа се брани така длабоко.
– Ова е почеток на новата сезона, а ќе бидеме само подобри од ова. Имавме свои шанси, не многу, но јасно шанси, кои не ги искористивме. Така да одиме напред, размислуваме за следниот натпревар, порача Пеп Гвардиола.