Поради Вероника Рабио пропаднал трансферот на Адријен во Атлетико

Францускиот репрезентативец, Адријен Рабио, кариерата ја продолжи во Олимпик Марсеј. Во Марсеј, Рабио дојде како слободен играч, откако му заврши договорот со Јувентус.

Рабио во текот на летниот преоден рок се поврзуваше со многу клубови, на крајот едвај најде клуб. За ова е виновна неговата мајка Вероника, која е негов менеџер и која има најголемо влијание на неговата кариера.

Како што пренесува францускиот „РМЦ Спорт“, Рабио бил блиску до преселба во Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб, токму поради неговата мајка се откажал од идејата да го агажира 29-годишниот фудбалер.

Според овој извор, Вероника Рабио му сугерирала на спортскиот директор на Атлетико на која позиција треба да игра нејзиниот син. Поради ваквите нејзини барања, клубот во кој за тактиката и изборот на фудбалерите одлучува тренерот Диего Симеоне, решил да се повлече од преговорите.

На крајот, Рабио потпиша две годишен договор со Олимпик од Марсеј.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО