(Видео) Милан немоќен пред Ливерпул, Реал го победи Штутгарт

Ливерпул, во дербито на денот го победи Милан на „Сан Сиро“ со 3:1. Актуелниот првак Реал славеше над Штутгарт со 2.1. Победа на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите запиша и Спортинг. „Лавовите“ во Лисабон со 2:0 го победија Лил.

Дербиот во Милано идеално започна за Милан. Во третата минута Пулишиќ го совлада Алисон и му донесе предност на Милан. Во тој момент малкумина веруваа дека тоа ќе биде се од домашниот тим на овој натпревар.

Некаде од 15.минута играчите на Ливерпул ја презедо контролата врз играта и до крајот на првиот дел целосно издоминираа. „Црвените“ постигнаа два речиси идентични гола во 23. и 41.минута. Стрелци беа дефанзивците Конате и Ван Дајк. Неразбирливо е како беа оставени само во петте метри по корнерите кои ги изведоа Александер-Арнолд и Цимикас.

Предноста на Ливерпул можеше да биде и поголема, но Салах немаш среќа. Два пати ја погоди гредата. Точка на натпреварот стави Слобослаи во 67.минута.

Реал се мачи од почетокот на сезоната, но некако победува. Штутгарт му пружи силен отпор на европскиот првак, но не успеа да направи изнендување.

Мбапе го постигна првиот гол во 46.минута, Штутгарт израмни со голот на Ундав во 68.минута. Предноста на реал му ја врати Ридигер во 83., а ја потврди Ендрик во 95.минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО