Бенасер успешно опериран во Финска

Милан во понеделникот објави дека играчот од средниот ред Исмаел Бенасер бил успешно опериран. Алжирецот на рехабилитација ќе биде четири месеци.

Бенасер имал проблеми со потколеницата, операцијата била извршена во Финска.

„Фудбалскиот клуб Милан ја информира јавноста дека Исмаел Бенасер е опериран во Финска.

Операцијата на потколеницата на десната нога ја изврши д-р Ласе Лемпаинен.

Проценетото време за опоравување е четири месеци“, објави неговиот клуб, Милан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО