Донарума се повреди, нема да брани за ПСЖ на дуелот против Џирона во ЛШ

Францускиот шампион ПСЖ објави дека на почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите ќе биде без својот прв голман, Италијанецот Џанлуиџи Донарума. Во последниот натпревар од првенството, против Брест, 25-годишниот Донарума заработил повреда на бутниот мускул, поради што ќе отсуствува од терените наредните десетина дена.

На почетокот на Лигата на шампионите, ПСЖ ќе игра на домашен терен против Џирона в среда, а поради повредата на Донарума, шанса ќе добие 25-годишниот руски голман Матвеј Сафонов.

Во домашната Лига 1, ПСЖ ја отвори сезоната со четири победи во четири натпревари и гол-разлика, 16-3.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО