Оскар Пјастри е победник на трката во Баку попладнево, откако најдобро ги сочува гумите и остана на врвот пред конкуренцијата.
Тој со кругови трпеше голем притисок до последниот круг од Шарл Леклер, кој на три круга пред крајот, имаше сериозен хендикеп, односно буквално остана без грип на задните пневматици и неговите кругови беа крајно спори, со што Пјастри побегна напред и на крајот трката ја заврши под виртуелно безбедносно возило, поради тоа што имаше и судир помеѓу 3. и 4-то пласираните во тој момент Карлос Саинц и Серхио Перез.
На крајот по сите случувања на патеката, Џорџ Расел успеа да дојде до третото скалило на подиумот и да освои значајни бодови за Мерцедес.
Мора дефинитивно да се пофали формата на Мекларен, кои се сега лидери во генералниот поредок во конкуренција на конструктори. Исто така фантастично одработи и Ландо Норис, кој успеа да комплетира 38 кругови на тврди гуми.
Ред Бул повторно немаше добра трка, ако се гледа учиникот на Макс Верстапен, кој на крајот и успеа да профитира со судирот на Саинц и Перез, па од 7. позиција дојде на петтата и да освои некој бод повеќе.
Шарл Леклер и Ферари имаа можност да ја намалат разликата во однос на Ред Бул, но Моначанецот не успеа да пробие напред пред Пјастри и на крајот добро е што го освоија второто место на подиумот.
Следна е трката во Сингапур за една недела.