Меси се врати и веднаш покажа зошто е еден од најдобрите во светот

По речиси два месеци Лионел Меси се врати на теренот и веднаш покажа зошто е еден од најдобрите светски фудбалери.

 

Тој постигна два гола за неговиот тим Интер Мајами во победата од 3-1 против Филаделфија.

 

Во паузата меѓу два натпревари во МЛС лигата, Меси играше на Копа Америка, каде успеа да го одбрани трофејот и таму се здоби со повреда поради која два месеци остана надвор од теренот.

 

Натпреварот не започна најдобро за Меси и неговите соиграчи, бидејќи Филаделфија поведе во втората минута преку Уреа.

 

Но, тогаш на сцената се појави легендарниот Аргентинец кој го постигна првиот гол во 26. минута на додавање на Луис Суарез, а само неколку минути подоцна на асистенција на Џорди Алба го смени исходот на натпреварот.

 

На крајот победата за Интер ја потврди Луис Суарез, кој во судиското надополнување на вториот дел го постави конечниот резултат на додавањето на Меси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО