Гарначо направи потег со кој ризикува да биде новиот Санчо во Манчестер

Воопшто не е тајна дека Кристијано Роналдо не е во добри односи со Тен Хаг и тоа се потврди уште еднаш со неговата изјава.

Јасно им е на сите во Манчестер дека Роналдо пред скоро сезона ипол, замина од Манчестер Јунајтед поради тренерот, но очигледно дека во португалскиот ас се уште има пркос кон холандскиот стратег.

Тој порача деновиве дека клуб каков што е Јунајтед не се води без знаење, а тоа беше упатено исклучиво кон Тен Хаг, објава или изјава на која што Гарначо имаше ставено „лајк“ на социјалните мрежи.

Сето тоа го мотивира тренерот Тен Хаг да го остави на клупа Гарначо за гостувањето кај Саутемптон, а таму се случи интересна ситуација.

Во самиот финиш од средбата, кога Гарначо ја запечати победата на Јунајтед за 0:3, тој го прослави голот во стилот на Роналдо, седејки на околните заштитни огради позади головите, што јасно алудира на тоа дека прославата и не е баш случајна и дека Роналдо има поддршка од аргентинскиот ас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО