Реал со два гола од пенал до победа во Сан Себастијан (ВИДЕО)

Вечерва во Сан Себастијан се одигра дербито од петтото коло на шпанската Ла Лига каде Реал Мадрид како гостин со 2:0 го совлада Реал Сосиедад, а двата гола гостите ги постигнаа од пенал.

Сосиедад пропушти неколку добри прилики при резултат 0:0, откако дури трипати погодија во рамката на голот на Куртоа. Реал поведе во 58. минута, кога по силниот удар на Ѓулер, топката удри во раката на Серхио Гомез по што беше досуден пенал за Реал Мадрид. Истиот прецизно го изведе Винисиус, за водство од 1:0 .

Надежите на домашните да избегнат пораз траеја до 75. минута, кога Винисиус го изнуди вториот пенал за мадриѓани, а овој пат извршител на најстрогата казна беше Килијан Мбапе за конечни 2:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО