Загрепски Динамо денеска објави дека ќе продава пакет билети за четирите домашни натпревари во Лигата на шампиони (ЛП), кои ќе бидат резервирани исклучиво за членовите на клубот.
Динамо на „Максимир“ ќе игра против Монако (2 октомври), Борусија Дортмунд (27 ноември), Селтик (12 декември) и во последното коло против Милан (29 јануари).
Продажбата на пакет билетите почнува утре, а ќе можат да се купат само онлајн на https://tickets.gnkdinamo.hr/. Доколку сите билети не бидат распродадени како дел од пакетот, тие ќе се продаваат поединечно за секој натпревар.
Првично тие ќе бидат достапни само за членовите на клубот, а доколку се случи чудо и не се распродадат, ќе бидат достапни за сите други навивачи, наведуваат од клубот.
Цените на пакет билетите за ЛШ се следните:
Север горе 76 евра
Север долу за 120 евра
Запад горе 180 евра
Запад долу 240 евра
Динамо најави дека ќе нема билети за јужната трибина за домашните навивачи, освен ако не дојдат гостински навивачи или ги има премалку.
Пакет билетите не се поевтини од поединечните билети, но целта е да им се овозможи на навивачите навреме да обезбедат место на стадионот и да избегнат дополнително време на чекање.