Меморијалниот меч во чест на Дражен Петровиќ во „арената Загреб“ собра многу кошаркарски ѕвезди, активни и пензионирани.
Актуелните ѕвезди и неговите поранешни соиграчи од југословенската репрезентација дојдоа да му оддадат почит на Дражен. Српските медиуми истакнуваат дека Жељко Обрадовиќ и Бобан Марјановиќ предизвикале воодушевувањето кај хрватската публика.
Двајцата добија овации за време на официјалната презентација, како што е случај во сите хрватски сали кога Обрадовиќ гостува со Партизан. За разлика од нив, легендарниот Владе Дивац при претставувањето беше исвиркан од дел од публиката.
Српските медиуми пишуваат дека Ацо Петровиќ станал од столчето, излегол на теренот и побарал од публиката да престане.
Дел од хрватската публика не го сака Дивац затоа што на Светското првенство (СП) во Аргентина 1990 година, за време на прославата на играчите и навивачите на Југославија на паркетот за освојување на златниот медал, тој го зеде знамето од навивачот кој втрча на теренот со хрватското знаме, и го фрли на паркетот.