Легендарниот Фабио Канаваро во последното интервју за Газета дело спорт, зборуваше на повеќе теми, меѓу кои и за тоа дали и кој играч би можел да заигра во дресот на Реал во иднина од Серија А.
Канаваро смета дека во Серија А има играчи кои на прсти се бројат кои можат да го носат дресот на Реал Мадрид, односно во моментот само еден – Лаутаро Мартинез.
– Не можете да го доведувате во прашање името на Лаутаро. Тој освои Скудето и Копа Америка, тој никогаш нема да ве предаде или повреди, дури и во репрезентацијата тој прави разлика. Постигнува голови, жртвува се и покрај се, тој е гладен за уште повеќе од постигнатото.
– Се надевам дека Интер и Серија А нема да го загубат. Кога размислувам за играчите од Серија А кои би можеле да заиграат за Сити или Реал, во моментот мислам дека само Лаутаро Мартинез е компетентен за таков трансфер во такви екипи, порача Канаваро.
Освојувачот на „златната топка“ ги наброја своите фаворити за освојување на оваа награда.
– Винициус и Белингам, околу Мбапе не знам баш, тој немаше одлично сезона, иако е шампион. Но дефинитивно е меѓу кандидатите. Тука се уште и Карвахал и Родри, Карвахал освои се, а еден дефанзивец мора да направи големи работи за да ја освои престижната награда, се надоврза Канаваро.