(ВИДЕО) Винициус доби одговор од селекторот на „фуријата“: „Шпанија не е расистичка земја, таа е пример за соживот“!

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, пред мечот со Србија беше принуден да одговара на прашања кои немаат врска со мечот во Белград, туку се однесуваат на проблемот со расизмот во неговата татковина.

Бразилецот Виницису Жуниор, повеќепати јавно зборуваше за овој проблем, а сега посочи дека на Шпанија треба да и се одземе организацјата на Мундијалот 2030 година, доколку во иднина не се промени нешто во врска со расистичките испади на публиката.

„Ако проблемот со расизмот во Шпанија не се реши до 2030-та, тогаш треба да и се одземе од домаќинството на Светското првенство“, изјави Винициус.

Оваа изјава на Бразилецот ги разбранува страстите на Пиринеите, а за тоа проговори и селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте.

– Ќе бидам јасен. Шпанија не е расистичка земја. Шпанија е пример за соживот, почитување и интеграција на општеството. Се разбира, секогаш има исклучоци и ние мора да ги направиме тие луѓе подобри.

Ќе повторам, Шпанија не е расистичка земја за разлика од другите. Успешно ќе го организираме Светското првенство 2030 година, изјави Де ла Фуенте.


Ист став имаше и капитенот на шпанската репрезентација и соиграч на Винициус од Реал Мадрид, Дани Карвахал.

– Мислам дека поради мала група луѓе на Шпанија не треба да и се одземе организацијата на Светското првенство. Ние сме земја со неверојатна културна разновидност. Јас лично пораснав со многу други националности кои живеат во моето соседство во Леганес. Шпанија воопшто не е расистичка земја, изјави Карвахал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО