Суарез низ солзи: Тешко ми е, во петок последен пат играм за Уругвај

Луис Суарез последниот меч за уругвајската репрезентација ќе го одигра в петок, против Парагвај, потврди тој на емотивната прес-конференција.

Суарез  ќе се пензионира како играч кој постигнал најмногу голови за Уругвај (69) и кој е втор, зад Диего Годин, според репрезентативните настапи (142, Годин 161).

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, стрелец на повеќе од 500 гола (постигна 195 за Барселона, 111 за Ајакс, 82 за Ливерпул и  34 за Атлетико…), го делат четири месеци од 38-от роденден и уште помалку до крајот на договорот со Интер Мајами, со кој има потпишано договор за соработка до крајот на годината.

– Тешко ми е да го кажам ова, но тоа ќе биде мојот последен настап за Уругвај. Размислував и анализирав. Сега е вистинско време. Имам свои причини, но тешко е, многу тешко. Последниот натпревар ќе го играм со истиот ентузијазам како и првиот во 2007-та, со ентузијазам на 19-годишно момче, изјави Суарез со солзи во очите.

Суарез играше на четири Светски првенства (СП) со Уругвај (2010, 2014, 2018, 2022-та), а во 2011 година со репрезентацијата ја освои Копа Америка. Сезонава за Интер Мајами даде 16 гола и имаше пет асистенции на 20 натпревари во МЛС.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО