УЕФА ја ограничи максималната цена на билетите за гостинските навивачи

Во Лигата на шампиони (ЛШ) сезонава ќе се игра според новиот, лига формат со 36 тима. Во првата фаза од натпреварувањето, секоја екипа ќе одигра четири натпревари дома и четири на гости,  сите против различни противници.

Првопласираните осум клуба одат директно во осминафиналето, а клубовите од 9. до 24. место ќе разигруваат за преостанатите осум места во нокаут фазата. Клубовите од 24. до 36. место испаѓаат.

Првото коло во ЛШ ќе се игра од вторник до четврток (од 17 до 19 септември), а останатите седум, како и досега, во вторник и во среда. Последното коло е закажано за 29 јануари,  нокаут фазата почнува на 11 февруари, а финалето е на 31 мај на арената „Алијанц “ во Минхен.

За љубителите на фудбалот одличната вест е тоа што УЕФА ја ограничи цената на билетите за гостинските навивачи на 60 евра.

Намалени се и цените на билетите за натпреварите во Лига Европа (ЛЕ), кои ќе чинат 40 евра. Во Лигата на конференции (ЛК) гостинските навивачи ќе можат да го гледаат својот тим во живо за 20 евра.

УЕФА најави дека дополнително ќе ги намали цените на билетите во наредните сезони.

– Ова е уште еден клучен чекор со кој УЕФА сака да го подобри искуството на гледање натпревари за сите навивачи. Сакаме фудбалот да биде инклузивен спорт каде што ќе бидат ценети и признати сите навивачи кои патуваат низ Европа за да го поддржат својот клуб, изјави претседателот, Александер Чеферин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО