Виктор Осимен ќе ја продолжи кариерата во Турција, на заем во Галатасарај. Според италијанските медиуми, договорот е постигнат, а според турските медиуми постои бизарна клаузула во неговиот договор.
Наполи му го проследи Осмиен на Галатасарај под услов Турците да го превземат целиот товар за неговата плата, односно нешто повеќе од 10 милиони евра по сезона.
Осимен слета утрово во четири часот во Истанбул, но тоа не ги спречи „избезумените“ навивачи на Галатасарај да го пречекаат на аеродромот. Неколку илјади од нив беа пресреќни кога го видоа миленикот со жолто-црвена марама.
Victor Osimhen'in üçlü çektiği esnada mutluluğu pic.twitter.com/SJnhimMxZ6
— Le Marca Sports (@lemarcasports) September 3, 2024
Осимен го продолжи договорот со Наполи до летото 2027 година за да има наполитанскиот клуб подобра преговарачка позиција со подоцнежните потенцијални купувачи.
Но нигерискиот напаѓач имаше и посебни барања. Покрај тоа што се договори заштитната клаузула да падне од 130 на 75 милиони евра, тој успеа да се избори и на кои 10 клуба таа ќе се однесува.
Меѓу нив, се претпоставува, се Реал Мадрид и ПСЖ. Доколку тие му ги понудат бараните пари на Наполи, Осимен ќе може да го напушти Галатасарај веќе во јануари!
Осимен пристигна во Наполи во 2020 година за 78 милиони евра од Лил. За италијанскиот клуб тој постигна 76 гола и имаше 18 асистенции на 133 натпревари.
Летово требаше да направи голем трансфер во Челси, но тоа пропадна, а потоа и во Ал Ахли, од кого Наполи во последен момент бараше повеќе од договорените 80 милиони евра.
Кога тоа не успеа, Наполи одби да го регистрира Осимен, на кого претходно му кажа дека повеќе не е добредојден во тимот. Нигериецот пак на почетокот од преодниот рок изјави дека повеќе не сака да игра за Наполи.