Џејдон Санчо е испратен на едно сезонска позајмица во редовите на Челси.
Тој и по враќањето од Борусија Дортмунд, не успеа да се наметне во очите на тренерот Ерик Тен Хаг, па во клубот од Манчестер се согласија не негово заминување сезонава.
Санчо и претходно беше трансфер желба на „сините“, а сега самиот фудбалер тврди дека конечно ја исполни својата цел, дека Челси е посебен клуб.
– Посакував и претходно да дојдам во Челси, ова е уникатен тим. Моите идоли се Френк Лампард и Дидиер Дрогба, растев гледајки ги, а сега ќе играм во нивниот клуб, чувството е неверојатно, порача Санчо.
Тој само уште еднаш се обиде да испрати скриена порака дека не се баш во најдобри односи со Тен Хаг и дека му се радува на овој трансфер (позајмица).