Милан ќе прави неочекуван потег: Навивачите се прашуваат зошто всушност дојде до ова?

Милан не ја почна сезоната како што треба и по три кола во Серија А, има скор од две нерешени средби и еден пораз.

Овој не така добар старт, веројатно ќе ја примора управата на клубот наскоро да направи одредени промени.

Според последните информации на италијанските медиуми, Милан се повеќе се потпира на идејата во септември да направат тренерска промена, бидејки од Фонсека засега не се задоволни.

Како можни наследници се вртат имињата на двајца тренери, Алегри и Пиоли.

Иако за Алегри тоа би било големо враќање, неговата цена во моментот се чини превисока за „Росонерите“. Од друга страна Пиоли, се уште има важечки договор со Милан, делува како реална опција.

Меѓутоа, навивачите и не се така воодушевени од одлуката со Пиоли, бидејки повеќето од нив се прашуваат зошто воопшто беше и сменет, ако сега го враќаат пак назад.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО