Тиафо по победата над Попирин и за елиминацијата на Ѓоковиќ од САД опен: „Не сум изненаден…“

Новак Ѓоковиќ отпадна од САД опен и тоа беше едено од најголемите изненадувања досега на турнирот. Но, американскиот тенисер, Френсис Тиафо смета дека тоа и не е големо изненадување за тие што се добро инволвирани во светот на тенисот.

На прес-конференцијата, по победата над Алексеј Попирин, кој претходно го нокаутира Ѓоковиќ, Тиафо беше прашан дали е изненаден што негов ривал е Попирин, а не Ѓоковиќ, но и како сега гледа на натамошното учество, бидејќи важи за еден од фаворити за титулата.

Тиафо истакна дека не е изненаден од испаѓањето на Новак, особено затоа што претходно победи на Олимписките игри (ОИ). Пред неколку дена изјави и дека не му е јасно зошто дошол во Њујорк, бидејќи на негово место тој ќе останел во Србија и ќе пиел како луд!

Сега тој имаше малку поинаков одговор, но истакна и дека не е претерано изненаден.

– Благодарам за комплиментот. Мислам дека сум еден од фаворитите. Навистина не размислував така. Новак е во аут, но Алексеј игра неверојатно. Го освои Мастерсот, третпат играа на грен слем турнирите сезонава и секогаш освојуваше сетови.

Новак штотуку победи на Олимписките игри. За мене, од светот на тенисот, тоа не беше најголемото изненадување во светот.

Секако дека да се победи Новак е огромен успех во секое време, во секое време и секаде, но некако чувствував дека Алексеј го имаше тоа ниво и тоа го покажа и против мене. Беше навистина, навистина на високо ниво. Затоа морав да дадам се’ од себе.

Не размислувам за ништо во смисла дека сум фаворит и слично. Се фокусирам на деновите за опоравување. Кога ќе дојде натпреварот, почнувам да се фокусирам на него.

Грен слемовите траат две недели, се случуваат многу работи, не можете да се грижите премногу за тоа што би можело да се случи. Сите противници се добри, па не е многу важно против кого играте, изјави Тиафо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО