Марк Маркез конечно победи. На вчерашната Мото ГП трка во Арагон, тој стигна до првиот триумф по 1.043 дена. Трката ја одбележа и учеството на неговиот брат, Алекс во несреќа која, за среќа, не резултираше со посериозни последици.
Во финишот од трката Франческо Бањаја му се најде на патот на Алекс Маркез во првиот свиок. И двајцата изгубија контрола над мотоциклите, Бањаја падна, а Маркез буквално со моторот го прегази актуелниот светски шампион!
❌ Bagnaia semble blessé sur le flanc droit, en plus de perdre de précieux points pour le championnat.
🏆 Le titre mondial pourrait se jouer sur cette erreur.#MotoGP #AragonGP pic.twitter.com/04mEjj8mAh
— Racing Club (@RacingClubMedia) September 1, 2024
Персоналот на Бањаја се фаќаше за глава, како и огромното мнозинство гледачи на трибините, но Италијанецот веднаш по инцидентот стана и се однесуваше како ништо да не се случило. Очигледно заштитната опрема си ја заврши работата…
На трката зад победникот, Марк Маркез, заврши Хорхе Мартин, а третото место го освои Педро Акоста. Со тоа Мартин ја зголеми предноста пред Бањаја во генералниот пласман и сега има 23 бода повеќе. До крајот на сезоната остануваат уште осум трки.