Сабаленка четврта година по ред е меѓу најдобрите осум на САД опен

Втората носителка, Белорусинката, Арина Сабаленка, која загуби лани од Коко Гоф во финалето, се пласиrа во четвртфиналeто на грен слем турнирот во Њујорк, победувајќи ја поранешнаta партнерка во двојки, Белгијката, Елиза Мертенс со 6:2 и 6:4.

Сабаленка погоди 41 „винер“ и ги спаси сите осум брејк топки што ги имаше Мертенс. Сабаленка е првата тенисерка која стигнала до четири последователни четвртфиналиња во Флешинг Медоус, по Серена Вилијамс во 2016 година. На последните осум грен слем турнири таа стигнувала до четвртфиналето, и подалеку.

Последниот пораз пред оваа фаза таа го претрпе на Австралија опен 2022 година, од Каја Канепи во четвртото коло. Оттогаш таа нема загубено натпревар во Мелбурн, каде што ја освои титулата во 2023 и ја одбрани во јануари годинава.

Сабаленка за место во полуфиналето ќе игра против олимписката шампионка, Женг Чинвен од Кина, која во осминафиналето, во репризата од ОИ во Париз, ја победи „сребрената“, Хрватката, Дона Векиќ со 7:6 (7:2), 4:6 и 6:2.

Сабаленка ја победи Женг во финалето на Австралија опен годинава.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО