Заврши САД oпен за сензацијата. Го елиминира Ѓоковиќ, па загуби во следното коло

Австралиецот со руско потекло, Алексеј Попирин (25 години, 28. на АТП листата) направи голема сензација исфрлувајќи го Новак Ѓоковиќ во третото коло на САД опен.

Но веднаш потоа го снајде истата судбина, беше елиминиран во осминафиналето од Американецот, Френсис Тиафо (26, 20.) со 6:4, 7:6(3), 2:6, 6:3.

По триумфот над Ѓоковиќ се очекуваше Попирин да го победи и локалниот тенисер, но по повеќе од три часа игра славеше Тиафо.

Мечот беше решен во вториот сет кога Тиафо одбрани три сет-топки во низа на сервис на Попирин, се врати во игра и го доби тај- брејкот за 2:0. Иако Попирин се врати во третиот сет, Тиафо ја искористи голема предност во четвртиот сет.

Петта година по ред Тиафо стига до осминафиналето и натаму на САД опен. Пред две години играше во полуфиналето, лани во четвртфиналето, а по елиминацијата на Попирин повторно му е отворен патот до финалето.

Во четвртфиналето тој ќе игра против Бугариниот, Григор Димитров, кој во пет сета го победи Андреј Рубљов.

Со победата над Попирин, Тиафо се врати во Топ 20. Попирин нема да заостанува многу зад него, бидејќи ќе биде 23. тенисер во светот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО