Палас освои бод на „Стемфорд бриџ“, Њукасл го победи Тотенхем

Во пресрет на најголемото дерби на англискиот фудбале, дуелот на Манчестер јунајтед и Ливерпул се одиграа два натпревара во рамките на 3.коло.

Челси во малото лондонско дерби не успеа да го победи Кристал палас. „Сините“, одлично го отворија натпреварот, поведоа со 1:0 во 25. минута со голот на Џексон на асистенција на Палмер и тоа беше резултатот од првото полувреме.

Во второто полувреме Кристал палас преку својот најдобар играч. Езе, во 54. минута успеа да изедначи. До крајот на натпреварот на „Стемфорд бриџ“ немаше промена на резултатот, остана 1:1.

Њукасл го пречека Тотенхем и успеа да победи со 2:1. „Страчките“ го добија првиот дел со 1:0, со голот на Барнс во 37. минута на додавање на Кели. Во вториот дел Тотенхем заигра подобро, и дојде до 1:1 со авто-голот на Бурн.

Сепак, Њукасл до победничкиот гол стигна во 78. минута, стрелец беше Исак на асистенција на Марфи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО