Лукаку режираше пресврт, а Конте со една реченица: Ете затоа го доведовме!

Белгиецот Ромелу Лукаку само што пристигна во Неапол, а веќе почна таму да ја импресионира публиката, а беше еден од клучните играчи за пресвртот на Наполи против Парма.

Голманот на гостите поради втор жолт картон, мораше да ја напушти играта во 75. минута и Парма да остане без голман, па мораа да стават играч да брани, па тоа го искористи Лукаку.

Парма водеше скоро цел натпревар со голот на Бони постигнат во 19. минута, но во 92. минута прво Лукаку изедначи и придонесе за само три минути подоцна, Андре Франк да биде инспириран да постигне победнички гол за победа на тимот од Неапол.

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, по натпреварот за Кориере истакна дека „ете затоа го доведовме Лукаку“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО